САД спречиле кинеска хакерска операција на критична американска инфраструктура, објавија денеска двајца американски претставници.
Во операцијата беа вклучени стотици домашни рутери кои хакерите претходно ги користеле за шпионирање, изјавија претставници на одделот за национална безбедност на Министерството за правда.
САД и партнерите ја обелоденија кинеската операција во мај 2023 година, велејќи дека американската војска исто така била цел на шпионирање.
Судот ја одобри акцијата на Министерството за домашна безбедност за заштита од нови напади.
Кинеската влада ги нарече обвинувањата колективна дезинформација.
„Кинеската влада отсекогаш била категорично против хакерски напади и злоупотреба на информатичката технологија“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
Тој додаде дека САД се тие кои се занимаваат со хакирање „повеќе од која било друга земја“.