Борел: ЕУ планира да и испрати на Украина помош од 21 милијарда евра

Од:

Земјите од ЕУ планираат оваа година да испратат воена помош за Украина во вредност од најмалку 21 милијарда евра, додека во првите две години таа помош изнесуваше 28 милијарди евра, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

На прес-конференција, по неформалниот состанок на министрите за одбрана во Брисел, Борел рече дека ЕУ очекува да достигне 52 отсто од целта да испрати еден милион гранати во Украина до март оваа година. Тој додаде дека капацитетот за производство на артилериски гранати во Европа до крајот на годината ќе достигне 1,4 милиони годишно, додека сега е речиси милион.

Борел рече дека денеска е постигнат договор за обука на уште 20.000 украински војници.

„Речиси ја достигнавме целта од 40.000 обучени украински војници преку нашата мисија за обука во Украина“, рече Борел, додавајќи дека вкупно 60.000 војници ќе бидат обучени до лето.

Борел посочи дека минатата година ЕУ и нејзините земји-членки се обврзаа да испорачаат еден милион артилериски куршуми во рок од една година, а дека од март минатата година се испорачани 330.000 артилериски куршуми. Тој додаде дека очекува таа бројка да се зголеми за 200.000 и до март да достигне 524.000, што е 52 отсто од зацртаната цел.

„До крајот на годината планираната испорака ќе достигне повеќе од еден милион“, нагласи Борел.

Тој додаде дека капацитетот за производство е зголемен за 40 отсто од почетокот на војната.

„Капацитетот за производство на муниција денес изнесува речиси еден милион куршуми годишно, но до крајот на годината ќе достигне 1,4 милиони. Ќе продолжи да се зголемува“, рече Борел.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3