Два дена премиер Талат Џафери, два дена парадирање наместо работа. Ако првиот ден Џафери со паркирани службени возила го чекаа пред кафеани на плоштад во пешачка зона, вториот ден тој отиде на прослава организирана по повод неговата функција во Форино вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.
– Колку е ДУИ криминогена и корумпирана се гледа од најситни детали како возење на странски новинари, партиски гости на државен трошок, со државни возила од министерствата со кои управуваат нивните кадри, преку користење на просториите на институциите за приватни забави и собиранки, па се до милионските тендери за нивниот партиски донатор Еуровиа. ДУИ е криминал и корупција од најниско до највисоко ниво, рече Ковачки.