Изгореа деловен објект и помошна просторија во Радовиш

Од:

Во пожар, кој избувнал вчера во Радовиш на улицата „1 Мај“, изгореле деловен објект и помошна просторија, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштението на полицијата, вчера во 4.17 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 3.30 часот настанал пожар во помошна просторија, од кој бил зафатен и деловен објект во дворно место на Б.В. на ул. „1 Мај“ во Радовиш.

Во соопштението се додава дека нема повредени, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а бил извршен и увид од страна на полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот на Пелистер не стивнува – на терен се пожарникари, механизација и воздухоплови

Горан Наумовски

Под контрола е пожарот во Националниот парк „Пелистер“

(ВИДЕО) Пожарот кај Макази се шири кон Пелистер, има индиции дека е подметнат

Горан Наумовски

Денеска активни се осум пожари

Нова огнена статистика: 31 пожар на отворено, четири сè уште се активни

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее