Военото крило на Хамас, бригадите Изадин Ал-Касам, денеска соопшти дека истрелало ракетен напад врз Тел Авив.
Во попладневните часови низ централниот дел на Израел се огласија предупредувачки сирени за ракети.
Бомбардирањето на Тел Авив е „одговор на масакрите врз цивили од страна на ционистите“, соопшти военото крило на Хамас, алудирајќи на израелските воени операции во Појасот Газа.
Новинарите во Тел Авив и Ерусалим слушнаа далечни експлозии, а во Кан Јунис видоа како ракети се истрелани од тој град на југот на Појасот Газа, објави Си-Ен-Ен.
Повеќето сирени денеска се слушнаа јужно и источно од Тел Авив, а израелските служби за итни случаи соопштија дека нема моментални извештаи за можни жртви од ракетниот напад истрелан денеска во централен Израел.