Потресни сцени, солзи, фотографии од убиените: Судење на родителите на убиецот од „Рибникар“

Од:

Почна судењето на Владимир и Миљана Кецмановиќ, таткото и мајката на убиецот Коста Кечмановиќ. Владимир Кецмановиќ во судницата влезе со лисици на рацете и помина покрај сопругата кимнувајќи и со главата.

Кога излегле од судницата им бил дозволен контакт, се прегрнале и се расплакале. Зад нив во судницата седеа родителите на жртвите кои дојдоа на судењето.

Нина Кобиљски, мајката на Ема Кобиљски, девојчето кое беше убиено во престрелката во основното училиште „Владислав Рибникар“, на денешното судење на родителите на момчето убиец дојде со врамена слика од своето дете.

За утре е закажано уште едно рочиште. Покрај родителите на Коста обвинети се и сопственикот на стрелачкиот клуб каде момчето научило да пука, како и инструкторот во тој клуб .

Обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград предложи судот да го осуди Владимир Кецмановиќ на максимална затворска казна од 12 години, неговата мајка Миљана Кецмановиќ на затворска казна од две и пол години, додека за сопственикот на стрелачкиот клуб и за инструкторот се бара казна од три години затвор.

Владимир Кечмановиќ се товари за тешко кривично дело против безбедноста бидејќи го обучувал својот 13-годишен син да ракува со оружје, го однел на стрелиште кое не е соодветно за возраста на момчето и затоа што не го чувал оружјето на безбеден начин, како што беше предвидено со закон.

Против таткото и мајката се водат и две правни постапки по тужби од членови на убиеното семејство за нематеријална штета поради смрт на блиско лице.

Судот денеска донесе одлука рочиштата да бидат затворени за јавност.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата