Техничкиот премиер Талат Џафери кој денеска ја презеде функцијата од досегашниот премиер Димитар Ковачевски рече дека нема комплекс како некои политичари од тоа со какво возило ќе доаѓа на работа.
„Иронијата за мерцедесот верувам дека не е во служба на никого, јас немам комплекс со што доаѓам, дали со ‘мерцедес’ или приватно ќе си одам дома, рече претседателот на преодната Влада, Талат Џафери.
Доцна синоќа Џафери со песна беше дочекан пред капијата на неговиот дом во Форино откако беше изгласана техничката Влада. Тој пристигна во придружба на полиција во „мерцедес“.
Џафери уверува и дека во ниеден миг нема да отсуствуваат редовното функционирање и инклузивна соработка во работата на Владата обезбедувајќи секој сегмент во министерствата да биде транспарентен, ефикасен, отчетен и во служба на граѓаните.
„Ние сме сите таму благодарение на вас, штитење на вашите интереси и создавање услови за вашата благосостојба, напредокот и чување на достоинството на Северна Македонија“, додаде Џафери