ММФ ја повика Тирана да го намали јавниот долг

Од:

 Претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои се во посета на Тирана, ја повикаа новата албанска Влада да преземе дејствија за намалување на јавниот долг на земјата.

Шефот на мисијата на ММФ Надим Илахи изјави дека се неопходни брзи дејствија за намалување на албанскиот долг, како и за гаснење на задолженијата кон приватни претпријатија во земјата.

Според ММФ, буџетското заздравување треба да се фокусира врз даночната политика и врз приходите, кои регистрираа пад.

Сопственоста продолжува да биде сериозен проблем во Албанија, рече шефот на мисијата. Тој ја повика новата албанска Влада да интервенира, зашто во спротивен случај економијата на земјата ќе биде во ризична ситуација.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст