Северна Македонија се движи кон иднината со целосна надеж, достоинство и стабилност. Вчера во Собранието оставки поднесоа челниците на криминалот и корупцијата во земјава. Ова е само почетокот на крајот на криминалот на ДУИ и СДСМ кои четири години произведуваа само казина, обложувалници, тендери за семејства, уништување на образованието, неуспех во економскиот развој и губење на надежта, велат од Движењето БЕСА.
– Оваа Влада ќе остане запаметена по Соравија, развојот на коцкањето, збогатувањето со парите граѓаните, ја збогатија фирмите на сопругата премиерот, децата и внуците на Али Ахмет, развојот на српскиот и рускиот бизнис во земјава, како и неуспехот за евроинтеграците. Но, овие криминални постапки на власта придонесоа за обединување на албанскиот опозициски фронт и обединување на силите на сите граѓани кои се против деструктивните политики во овие две децении. 8 нај доаѓа и граѓаните ќе одлучат за една иднина полна со достоинство и сигурна европска иднина – велат од партијата.