Штетата од земјотресот во Јапонија би можела да достигне 16,2 милијарди евра

Од:

Штетата предизвикана од земјотресот што ја погоди Јапонија на 1 јануари и во кој загинаа повеќе од 230 луѓе, според проценките на јапонската влада би можела да биде помеѓу 6,9 и 16,2 милијарди евра.

Проценката ја зема предвид штетата на зградите и инфраструктурата во префектурата Ишикава, која беше најтешко погодена, како и две соседни префектури, Тојами и Ниигата, а разликата е толку голема бидејќи сè уште не се проценети сите штети, рече официјалниот претставник додавајќи дека тоа е извештајот презентиран на Советот на министри.

Официјалната проценка е повисока од првата проценка на делумна штета што ја направи приватниот сектор на почетокот на јануари.

Сепак, вкупната сума на штета би требало да биде помала од онаа предизвикана по земјотресот и цунамито во 2011 година во североисточна Јапонија, која изнесуваше 147 милијарди евра.

Владата вчера донесе мерки за подобрување на условите за живот на лицата евакуирани по земјотресот на 1 јануари, обнова на погодените подрачја и ревитализација на туризмот.

Јапонскиот архипелаг е еден од сеизмички најактивните во светот. Модерните згради во Јапонија можат да издржат многу силни земјотреси, но тоа не е случај за многу стари градби, особено во руралните области како што е полуостровот Ното во кој се наоѓа префектурата Ишикава, епицентарот на земјотресот од 1 јануари.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Најмалку деветмина повредени во силниот земјотрес во Јапонија

Повеќе од 14.000 луѓе се без дом еден месец по земјотресот во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија