Земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Од:

Земјотрес кој, според прелиминарните мерења, бил со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди северниот и североисточниот дел на Јапонија, но властите не издадоа предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 490 километри под површината на морето, пренесува агенцијата Кјодо.

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран и во Охотското Море, источно од брегот на рускиот остров Сахалин, соопшти претходно денеска шефот на сеизмолошката станица Јужно-Сахалинск, Елена Семјонова.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Најмалку деветмина повредени во силниот земјотрес во Јапонија

Повеќе од 14.000 луѓе се без дом еден месец по земјотресот во Јапонија

Штетата од земјотресот во Јапонија би можела да достигне 16,2 милијарди евра

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Бројот на жртвите од земјотресот во Јапонија достигна 180, 120 лица се водат како исчезнати