Повеќе од 14.000 луѓе се без дом еден месец по земјотресот во Јапонија

Од:

Повеќе од 14.000 луѓе остануваат раселени, еден месец по земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди централниот јапонски полуостров Ното, при што загинаа 238 луѓе.

Речиси 10.000 луѓе се наоѓаат во центрите за привремена евакуација, како што се гимназиите, а префектурата Ишикава обезбеди користење на 8.000 постоечки привремени единици за домување за евакуираните.

Гувернерот на Ишикава, Хироши Хасе, призна дека префрлањето на евакуираните во хотелите и другите сместувачки капацитети од центрите за евакуација не поминало без проблеми и се извини, велејќи дека имало погрешни комуникации во размената на информации.

Дополнително, во Ваџима се изградени 18 привремени станбени единици, додека следниот вторник се очекува да бидат завршени 40 станбени единици во Сузу, пишува Kyodo. Во меѓувреме, логистичките нарушувања го отежнуваат враќањето на регионот во нормала, бидејќи локалните продавници се соочуваат со недостиг на артикли за продажба.

„Се соочуваме со ограничувања во нашата способност да обезбедиме стабилно снабдување со стоки и персонал поради лошите патишта и временските услови“, рече претставник на синџирот продавници FamilyMart, кој е единствениот голем синџир продавници што работи во северниот дел на погодениот полуостров.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Најмалку деветмина повредени во силниот земјотрес во Јапонија

Штетата од земјотресот во Јапонија би можела да достигне 16,2 милијарди евра

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Бројот на жртвите од земјотресот во Јапонија достигна 180, 120 лица се водат како исчезнати

Јапонија: Регистрирано истекување нафта во нуклеарна централа по земјотресот