Путин ја предупреди Украина за нејзините европски амбиции

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Украина со воведување протекционистички мерки,доколку владата во Киев потпише трговски договор со Европската Унија.

Путин и сугерираше на Украина наместо тоа да влезе во царинската унија предводена од Русија.

Предупредувањето на рускиот претседател доаѓа само 24 часови по соопштението на украинската влада, за нејзното решение да се продолжи работата околу подготовките Украина да го потпише договорот со ЕУ,во ноември годинава, за време на самитот на Унијата во Литванија.

Според претседателот Путин, Русија ќе возврати со остри мерки ако рускиот пазар биде преплавен со конкурентска европска стока,како последица на договорот со ЕУ,според кој Украина ке ги укине увозните давачки за производите од земјите на Унијата.

Рускиот премиер Дмитри Медведев исто така ја критикуваше намерата на Киев за приближување кон ЕУ и решението на Украина да ги напушти, како што рече, „традиционално блиските економски врски со Русија“ која сега е најголемиот украински трговски партнер.

Претходно, премиерот на Украина Микола Азаров, во средата изјави дека планираниот трговски договор со ЕУ „ги отвора перспективите за европскиот квалитет на живот„ за Украина. Оваа голема земја, поранешна советска република, се наоѓа притисната меѓу Русија и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани