(ВИДЕО) 60 пожарникари и три хеликоптери го гаснат големиот пожар во Белград

Од:

Повеќе од 60 пожарникари гаснат огромен пожар во кинескиот трговски центар во Белград. Во гаснењето на пожарот учествуваат и три хеликоптери. Во близина има големо количество плински боци, а во моментов е најважно пожарот да не се прошири на тој дел од трговскиот центар.

Како што јавуваат репортерите од местото на настанот, од трговскиот центар се слушаат експлозии, а пожарникарите се обидуваат да ги убедат луѓето да не влегуваат за да си го спасат имотот бидејќи ситуацијата е сложена.

Лука Чаушиќ, началник на одделението за вонредни ситуации, посочува дека засега нема информации за повредени.

– Многу луѓе се обидуваат да го земат имотот со себе, на терен се и полицајци, едноставно даваат наредби да не се приближува, но има многу луѓе, се надевам дека нема да има човечки жртви“, изјави Чаушиќ и додаде:

– Еден пожарникар на местото на настанот рече дека „има многу плински боци таму долу“. Ако експлодираат, сите ќе нè нема – рече тој.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски