По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, Специјалното одделение за високотехнолошки криминал, уапси маж кој му се заканувал на Александар Вучиќ.
Уапсениот на социјалната мрежа Х се заканувал со убиство.
Како што пренесуваат медиумите, станува збор за корисник на мрежата по име О.С., кој на таа социјална мрежа напишал „Атентат, реално, би бил благословен“, како коментар на објавата „целата програма на опозицијата може и мора да се намали до еден момент: апсењето на Александар Вучиќ“.