Едно лице со изгореници во пожар во куќа во Берово

Од:

Пожарникарите од Берово, синоќа во период од 22:55 до 00:30 часот со две возила и четири пожарникари интервенирале на запалена куќа во градот. Во пожарот, едно лице се здобило со повреди – изгореници и истото е пренесено во Здравен дом Берово, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Да се слушаат препораките на пожарникарите, да не се палат отпадоци на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух. Истовремено, апелираме за внимателност при прошетките во природа на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при вакви зимски услови, со снег и мраз, е лизгаво, особено на осоите, се додава во соопштението.

За 24 часа имало вкупно 1 763 повици на единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,22 отсто, а 59,78 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 62,59 отсто, кон Итната медицинска помош 32,01 процент, кон пожарникарите 2,52 отсто, а кон АМСМ 0,36 проценти од реалните повици.

Би можело да ве интересира

Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот

По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица

Пожарот на Беласица синоќа се приближил кон црквата во селото Смоларе

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Локализиран е пожарот на планината Беласица

Во незгода тешко повредена жена во Берово