Пуканки од микробранова се опасни по здравјето

Од:

Пуканките кои се прават во микробранова печка се штетни за човековиот организам, а особено се штетни за здравјето на децата.

Овие штетни материи, под топлината која ја произведува печката, се врзуваат за пуканките и така се внесуваат во телото, а се сметаат за загадувачи на крвта. Од страна на Здруженијата за здрава храна, овие хемикалии се сметаат за високоризични за добивање на рак, но и со огромно влијание на ендокриниот систем и хормоните, со што особено влијаат на репродуктивниот систем кај луѓето.

Овие болести најчесто се добиваат доколку се консумираат пуканките од микробранова печка:

1. Неплодност. Една студија објавена во списание посветено на Човековата неплодност, покажува дека шансите за неплодност се особено зголемени доколку се консумираат вакви пуканки.

2. Болести на тироидната жлезда. Студија објавена во 2010 година покажува дека овие пуканки влијаат на нормалното работење на тироидната жлезда која е одговорна за огромен број на функции во телото

3. Рак. При тестирањето врз глувци, се покажало дека пуканките од микробранова печка влијаат на појавата на рак на црниот дроб, панкреасот, тестисите и млечните жлезди.

4. Проблеми со имунолошкиот систем. Неколку шведски истражувања покажале дека кај луѓето кои често консумираат пуканки од микробранова се појавува пад на имунитетниот систем и дека многу почесто се здобивале со преносливи вируси.

5. Зголемување на „лошиот“ холесторол. Истражување врз тинејџерите покажало дека холестеролот кој е штетен за здравјето на луѓето, предизвикува дебелина.

Затоа, кога следен пат ќе ви се пријадат пуканки – купете си од оние кои сами треба да ги пукате. Не бидете мрзливи и пазете го вашето здравје.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ