Ковачевски: Планот за раст е мост што ги поврзува европските аспирации со реалноста и моќен симбол за непоколебливата посветеност на реформите

Од:

Планот за раст на ЕУ го гледам како олеснувач кој ги отвора портите кон европскиот единствен пазар и кон слободниот проток на стоки, услуги, капитал и луѓе. Оваа структурирана рамка засилена со финансиска поддршка станува клуч за беспрекорна интеграција. Таа го охрабрува усвојувањето на европските регулативи и стандарди, промовирајќи интеграција и во регионот и во ЕУ. Оваа стратегија за двојна интеграција не само што го забрзува пристапниот процес кон ЕУ, туку носи и брзи придобивки – зголемена трговија и инвестиции, подобрена конкурентност и регионална поврзаност. Планот е мост кој ги поврзува аспирациите со реалноста, рече премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан.

Ковачевски, кој е домаќин на состанокот, напомена дека Планот за раст ги надминува економските стратегии и е реална движечка сила кон просперитетна иднина на Западен Балкан.

-Планот е моќен симбол за непоколебливата посветеност на реформите, решителен чекор за трансформација и за усогласување на националните економии со високите европски стандарди. Овој инструмент за нас е момент на пробив. Со него, земјите од Запад Балкан ќе ги забрзаат фундаменталните реформи, создавајќи врска меѓу заедничкиот регионален пазар. Во тој процес, пристапот до дополнителна финансиска помош станува клучен елемент. Инструментот за реформи и раст дејствува како финансиски столб со кој се поддржуваат реформите, подвлече Ковачевски.

Претходно, во изјавата пред почетокот на состанокот, премиерот рече дека Планот за раст е конкретна акција на ЕУ за зголемена регионална соработка и вклучување на земјите од Западен Балкан на заедничкиот европски пазар. Потсети дека разговорите почнаа со синоќешната вечера на лидерите и најави усвојување заедничка декларација како заложба за спроведување на активностите од Планот кои, пред се, напомена, се однесуваат на реформите и на унапредување на соработката.

На состанокот во Скопје присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија, Црна Гора и Косово, Еди Рама, Милојко Спаиќ и Албин Курти, актуелниот министер за финансии и трезор во Советот на министри на БиХ, Срѓан Амиџиќ, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија и Џејмс О’Брајaн, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД.

Присутни се и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и нивните колеги од земјите од Западен Балкан, претставници од Регионалниот совет за соработка, ЦЕФТА, Коморскиот инвестициски форум, УСАИД, Фондацијата отворено општество, Центарот за Европа, Атлантскиот совет, како и претставници од повеќе меѓународни финансиски институции како Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и Светска банка.

Планот за раст на Западен Балкан беше усвоен од Европската Комисија на 8 ноември и со него се предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра за периодот 2024 – 2027 година. Од овие средства, две милијарди се неповратни грантови, а четири милијарди се концесиски заеми обезбедени од ЕУ. Целта на Планот е поттикнување на економскиот раст и забрзување на социо-економската конвергенција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он