Јанкулоска: МВР ќе ги засили мерките на контрола при излез од земјата

Од:

По однос на надзорот на државната граница мерките на МВР се неселективни и еднакви за сите граѓани при обид за излез од земјата, изјави во попладневниот дел од Собраниската седница посветена на пратенички прашања министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на прашање од пратеникот Самка Ибраимовски и најави и нивно засилување.

– Со оглед на новите ставови на ЕУ кои значат заострување на политиките во однос на практицирањето на безвизниот режим мерките на МВР не само што ќе продолжат туку во периодот што следува дополнително ќе добијат на интензитет затоа што не би сакаме заради една мала, несовесна група на поединци, кои сакаат да профитираат злоупотребувајќи го безвизниот режим да дозволиме над два милиони граѓани на РМ од сите етнички заедници, од сите вери и религии да го изгубат правото за слободно патување во земјите членки на ЕУ, односно да ја изгубат визната либерализација заради која направивме сериозни напори да ја добиеме – граѓаните на Македонија да можат слободно да патуваат без визи, без никакви ограничувања, рече Јанкулоска.

Таа укажа на домашните законски одредби, но и на шенгенското законодавство согласно кои за влез во земјите од Унијата, освен валидна патна исправа лицето треба да поседува и потребни средства неопходни за издржување на граѓанинот за времетраењето на патувањето, да има обезбедено повратен билет и сместување, односно сите документи со кои ќе ја докаже целта на патувањето.

– Овие одредби значат доколку полицискиот службеник на кој било граничен премин на Република Македонија не е убеден во овие аргументи има право врз основа на анализата на ризик да не дозволи напуштање на РМ, односно напуштање на државната граница заради патување во земјите од ЕУ, односно потписнички од Шенгенскиот договор, појасни министерката Јанкулоска.

Во однос на баратели на азил од РМ во земјите членки на ЕУ, Јанкулоска го упати пратеникот одговорот да го бара од државите членки како надлежни за тоа. Таа, воедно посочи дека МВР ги има овие податоци за азилантите, прави сериозни анализи на ризик и ги дизајнира мерките кои ќе значат намалување на ризикот од злоупотреба на визната либерализација.

– Како сериозен партнер на земјите од ЕУ заедно со нив се бориме против злоупотребата на безвизниот режим, рече меѓу другото Јанкулоска.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во одговор на прашање поставено од пратеникот Панче Орцев од СДСМ рече дека поплавите во Струмичко беа резултат на елементарна непогода и обилноста на поројните дождови. Тој како некоректни ги оцени тврдењата дека причина биле нерегулираните речни корита и каналската мрежа.

Според него, над 500 километри каналска мрежа се исчистени во изминативе 7-8 години.

– МЗШВ работи по определена динамика веќе седум години за чисетње на каналската мрежа. Лани беа исчистени 117 км. Оваа година се предвидени 130 км да се исчистат, а идната година оваа бројка ќе биде уште поголема, рече министерот Димовски.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за Фрчкоски за злоупотреби во мисијата во Њујорк

Катерина Ѓуровски

Со лажни мејлови од познати компании извлекуваат лични податоци, предупредување од МВР

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

Возел со 2,28 промили алкохол во крвта, бегал од полицијата