Новак Ѓоковиќ, кој урна рекорд со самото тоа што се појави на мечот против Аргентинецот, Томас Мартин Ечевери, прослави победа од 3:0, со што обезбеди пласман во осминафиналето на Австралија Опен.
Иако претходно изгуби по еден сет, Ѓоковиќ денеска одигра со победа и ја заврши работата во три сета. По победата, тој на камерата испрати порака по повод празникот Богојавление – Водици.
Bog se javi #novakdjokovic #djokovic #novak#tennis#serbia pic.twitter.com/zRqd2DlZbB
— Dragan Milutinovic (@DraganMilutin19) January 19, 2024
Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со Французинот, Адриан Манарино.