ЦУК: На 112 во последното деноноќие 1.792 повици, да не се палат стрништа и ниска вегетација

Од:

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.792 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 38,06%, а 61,94% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 62,90%, кон Итната медицинска помош 33,06%, а кон пожарникарите 3,23% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, 1.111 повици за итни случаи на 112, од вкупните примени, биле предмет на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање од делот „реални“ повици.

Пожарникарите од територијалните противпожарни единици (ТППЕ) од Радовиш, Прилеп, Гостивар и Куманово, гаснеле запалена ниска вегетација и имале други помали ПП интервенции на отворено на територијата на нивните општини, во текот на изминатото деноноќие и пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, имале три помали интервенции во градот и околината.

Центарот за управување со кризи потсетува и апелира за превентивно дејствување против пожари, да не се палат стрништата и ниската вегетација во продолжениот викенд и секако, според препораките на пожарникарите, а и според индивидуалните согледувања од страна на граѓаните, да се внимава превентивно можности за евентуални пожари и во населени места.

Истовремено, ЦУК апелира и за внимателно возење на повисоките места каде што има снег и да не се вози по забранети патни правци на планините, како на пример преку Галичица.

Би можело да ве интересира

Спасен давеник од Дојранско езеро

Спасен повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина

Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие

ЦУК: Изгаснати 27 пожари, четири се уште активни

ЦУК: Активни пет пожари, еден под контрола

ЦУК: Два активни пожари, шест изгаснати и еден под контрола