Абдолахиан: Нападите врз Израел ќе престанат ако заврши војната во Газа

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Амир Абдолахиан денеска изјави дека нападите на „Оската на отпорот“ врз Израел и неговите интереси ќе престанат доколку заврши војната во Газа.

Тој предупреди дека конфликтот може да ги зголеми тензиите на Блискиот Исток.

„Крајот на геноцидот во Газа ќе доведе до крај на воените акции и кризи во регионот. „Безбедноста на Црвеното Море е поврзана со случувањата во Газа и сите ќе страдаат ако злосторствата на Израел во Газа не престанат… Сите фронтови на отпорот ќе останат активни“, рече Амирабдолахијан на Светскиот економски форум во Давос, пренесува Ројтерс.

Амирабдолахиан, исто така, рече дека Техеран споделува разузнавачки информации со Ирак за активностите на израелската разузнавачка агенција Мосад во полуавтономниот курдски регион во Ирак.

Иран соопшти дека нејзината Револуционерна гарда нападнала израелски „шпионски штаб“ во ирачкиот град Ербил во понеделникот. Ирак подоцна негираше дека имало таков шпионски центар во земјата, потсетува британската агенција.

Би можело да ве интересира

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат