Јаревски: ЈП за одржување на магистрални патишта, Струмица и Центар купиле машини и до 100 пати поскапо од тоа што СДС тврдат дека е реално

Од:

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта набавило машина за бележење и вилушкар за 250.000 евра. Машини за бележење на улици и патишта кои и самите од СДС потенцираат дека можат да се купат за 2 до 3 илјади евра, ова јавно претпријатие ги платило 100 пати поскапо вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

– Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов од СДС исто така набавил машина за бележење на патишта за сума од 15.000 евра, односно 6 пати поскапо од тоа што самите СДС тврдат дека истата може да се набави. Воедно иста таква машина е набавена од општина Центар. Директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, градоначалниците на Струмица и Центар, и двајцата од редовите на СДС купиле машини за бележење на патишта и до 100 пати поголема вредност од онаа за која тврдат дека може да се набават. СДС тврди дека машини какви што купиле нивните функционери и за 250.000 евра, можат да се купат и за 2 до 3 илјади евра. Ова е сериозно обвинување, но и сериозно тврдење од страна на СДС, согласно тоа бараме од ЈО сериозно да ги истражи набавките на општините Струмица и Центар, како и на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, рече Јаревски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ