Јанкулоска: СДСМ, иако е неморално, може да продолжи да ги брани осомничените од „Шпион“

Од:

СДСМ, иако не е морално кон граѓаните на оваа земја, може да продолжи да ги брани осомничените во аферата „Шпион“ кои работеле спротивно на интересите на Република Македонија. Иако е срамно да се напаѓаат сопствените институции и да се бранат поединци кои на странски разузнавачки служби продавале информации, СДСМ може својата политика и своите ставови да ги доближува до изворите од грчката Влада кои ги наведе „Катимерини“.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вака одговори на реакцијата на СДСМ за акцијата „Шпион“ и подвлекува дека граѓаните ќе запомнат оти и портпаролот на партијата Петре Шилегов и изворите од Владата на Грција, уште првиот ден излегле со осуда за мегаскандалот кој го откри македонската полиција.

– Токму граѓаните и ќе го дадат својот одговор на следните избори за ваквото однесување на СДСМ. Нам ни е јасно дека странските служби изгубиле свои драгоцени извори во земјава, но вистинското прашање кое ќе треба да го одговори СДСМ е што тие изгубија со акцијата на МВР. Мене ми е кристално јасно дека СДСМ не ги почитува и ги игнорира државните институции на Република Македонија, но уште во текот на вчерашниот ден, експресно, беше демаскирана лагата и манипулацијата на портпаролот Петре Шилегов. Истата може да биде повторена уште сто пати, но тоа не значи дека некогаш ќе стане вистина, стои во одговорот – реакција од министерката Јанкулоска.

Образложението кое им го должев на граѓаните, истакнува таа, веќе е доставено до сите медиуми, а портпаролот на СДСМ Шилегов ќе ја добие можноста своите лаги и клевети да ги докаже пред македонските судови.

– Жалам што СДСМ негува патолошка омраза кон институциите и што поединци засегнати од работењето на полицијата, одлучија да се заштитат затскривајќи се зад анонимни партиски соопштенија. Јавно ги повикувам, од утре поединечно креаторите на овие бесмислици да излезат на партиската говорница и потоа храбро да му се придружат на Шилегов во одбраната на своите манипулации пред судот, се вели во реакцијата од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи