Ковачевски-Шмид: Северна Македонија значајно придонесе за ОБСЕ и за европската безбедност

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во Виена, Австрија се сретнал со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид. На средбата, соопштија од владината прес-служба, било поздравено успешното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, со што државата уште еднаш ја покажа посветеноста кон мултилатерализмот.

На состанокот, Ковачевски и Шмид констатирале дека претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ претставуваше комплексна задача, што земјата успешно ја заврши во услови на најголема безбедносна и геополитичка криза на европскиот континент после Втората светска војна.

Премиерот Ковачевски, стои во соопштението, на средбата истакнал дека како членка на Тројката, Северна Македонија е подготвена да ја пружи сета поддршка на актуелниот претседавач Малта и да продолжи да придонесува во процесите за севкупната европска безбедност и стабилност.

На средбата се разговарало и за претстојните изборни процеси кои следат во Северна Македонија, како и за важноста на ОБСЕ на тој план.

Би можело да ве интересира

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ