Каевски: Обвинителство да постапи по скандалот на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини

Од:

Надлежното Јавно обвинителство мора да постапи и да ги истражи сомнителните јавни набавки со астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ. Новата афера на градоначалниците на ДПМНЕ кои купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена мора да се расчисти вели пратенкот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Овие документи кои се и јавно достапни покажуваат дека општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација. Општина Велес исто така под капата на ДПМНЕ купила иста таква машина по цена од околу 40.000 евра. Овие цени се драстично повисоки од реалните цени на пазарот. Исти вакви машини може да се најдат и по 3 и до 5 пати помали.Општина Илинден на пример и многу други општини набавиле таква машина по три пати пониска цена од астрономските цени кои се платени во општините Велес и Битола. Очекуваме надлежното јавно обвинителство да отвори истрага за оваа афера, рече Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби