ВИДЕО: Деветгодишно момче се бори за живот по напад од крокодил во Австралија

Од:

Момче на девет години се бори за живот откако било нападнато од крокодил во националниот парк Какаду во Австралија. Нападот се случи во саботата навечер, по локално време, околу 21 часот.

„По нападот, пациентот беше пренесен во здравствениот центар Џабиру“, рече портпаролот на CareFlight. Меѓутоа, со оглед на сериозноста на повредите, момчето со хеликоптер од малиот град со околу 1.000 жители било префрлено во поголема болница во Дарвин.

Таму е на интензивна нега.

Во Националниот парк има околу 10.000 крокодили.

„Запомнете дека секаде каде што има вода, може да има и крокодили. Бидете внимателни во близина на реките и внимавајте на знаците за предупредување за крокодили“, се вели на веб-страницата на Националниот парк.

Портпаролот на „Parks Australia“ изјави дека биле информирани за инцидент во кој крокодил повредил едно лице додека пливало.

„Инцидентот се случи во област во националниот парк Какаду која не е достапна за пошироката јавност“, рече портпаролот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа