Кога ќе видите мала пукнатина на вашите пети ви е сигурно веднаш се загрижувате. Нанесувате масла и креми кои ви се на располагање само да за спречите пукнатината да остане долго.
Испуканите пети можатда се појават поради различни причини. Носењето на јапонки е една од нив. Одењето во ваква и слични обувки може да ја оштети вашата кожа на стапалата. Недостатокот на лојни жлезди на стапалата е исто така една од главните причини за испукани пети.
Доколку забележите дека петите почнале да ви пукаат морате да бидете многу внимателни. Во оваа фаза морате да ги негувате вашите стапала со масла како рицинусово и некој пилинг кој ги отстранува мртвите клетки на кожата. Освен тоа можете да правите и некои домашни пилинзи за стапалата.
Исто така морате да носите чевли кои ги штитат вашите пети и го спречуваат нивното пукање. Дури и недостаток во исхраната може да доведе до испукани пети. На пример,недостаток на цинк и омега 3 масни киселини може да влијаат на сувоста на кожата и испуканите пети. Вашата исхрана може да содржи цинк,омега 3 масни киселини,калиум и витамин Е.