ОЈО: Домашен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ

Од:

Основниот кривичен суд Скопје определи мерка домашен притвор за лицето осомничени за кривично дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Скопје, како што информираат оттаму, ќе вложи жалба на ваквата одлука.

Вчера, надлежниот јавен обвинител беше известен од МВР дека е пронајдено и лишено од слобода уште едно од лицата кои беа опфатени со наредбата за истрага за упадот во М-НАВ.

Претходно за упадот во М-НАВ домашен притвор беше одреден за четири лица, меѓу кои и Беким Незири советник во М-НАВ и функционер на ДУИ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо, бараме поништување на срамниот оглас во М-НАВ

Предраг Петровиќ

Поднесено обвинение за мажот кој ја навредуваше, па и се закануваше на Данела Арсовска

Обвинителство отвори постапка против двајца осомничени за насилство врз Данела Арсовска

А1он

Се истражува нападот во Визбегово, ОЈО бара притвор за маж и жена кои нападнаа новинарска екипа

Горан Наумовски

Бесир Шабани нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ

Кривични за екс директор и раководител за јавни набавки во М-НАВ, направиле штета од 1,5 милиони денари