АСОМ: Црн ден за демократијата, без гласање и без ниеден прифатен амандман насилно се носи законот за игри на среќа

Од:

Срамен, недемократски и насилнички е начинот на кој Комисијата за европски прашања без суштинска дебата и без гласање за клучниот амандман од кој зависи судбината на 10 илјади луѓе ја заклучи расправата по Законот за игри на среќа. Претседателот на комисијата за европски прашања, Арбер Адеми вчера го погази Собранието и ги лиши од право пратениците да гласаат за амандман поднесен од пратеник на мнозинството. Ваков опасен преседан и злоупотреба не е запаметена, а АСОМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд. Погазени и прекршени се сите права и процедури на Собранието. Ова е црн ден за демократијата и последна потврда за сценариото кое со месеци се подготвуваше со цел реализација на бизнис интереси на малкумина. Ваков насилнички државен интевенционизам, не е запаметен, а последиците од овој автократски акт ќе има страшни последици, се вели во соопштението на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија.

„Во име на Европската Унија, лулката на демократијата, со европско знаменце се носи закон кој има за цел да ги уништи лиценцираните приредувачи, додека Владата отвара три нови онлајн компании за игри на среќа. Целта е јасна, целосно преземање на игрите на среќа од страна на поединци преку закон скроен и донесен на најкриминлаен начин. На сите треба да им е јасно, овој закон е се освен подобрување на условите за играчите или заштита на младината. Почитувани, претставници на Европската Унија во државата, зошто го дозволувате ова? Зошто замижувате пред вакво политички насилство? Ова е последен момент да се вклучите и да го спречите ова што се случува во име на ЕУ. Овој закон е неевропски, недемократски и ваков закон не постои во ниту една земја од Европската унија!

Почитувани пратеници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ , зошто дозволувате вакво недемократско насилие? Дали сте свесни за последиците? Со евентуално гласање на пленарна седница ќе одобрите уништување на животи на работници, отворање на игри во подруми на црно, богатење на малкумина. Во тешка заблуда сте ако сметате дека овој закон ќе донесе нешто добро, напротив ќе донесе влошување на состојбата со игрите на среќа и враќање барем 20 години на целата индустрија. Претседателе Пендаровски, ви порачуваме дека не смеете да го потпишете овој закон доколку истиот се изгласа. Бидете барем вие заштитник на правдата и процедурите во оваа држава. Носењето на овој закон и се што му претходеше е целосно спротивно на сите правни и демократски процедури во една држава која претендира да се приклучи кон ЕУ. Застанете против ова политичко своеволие, поддржете ги оние кои чесно работат и придонесуваат во оваа држава. АСОМ во следните денови ќе донесе одлуки како понатаму ќе се спротистави на носењетона законот, но едно е јасно, овој закон нема да дозволиме да помине“, велат од АСОМ.

Би можело да ве интересира

АСОМ: Очекуваме конструктивна соработка со новата Влада за Законот за игри на среќа

АСОМ: Остануваме конструктивен партнер за вистинска јавна дебата за игрите на среќа

АСОМ: Ќе дозволат ли народните избраници десетици илјади вработени да останат на улица

Катерина Ѓуровски

АСОМ: Примерот со Албанија ги потврди нашите апели – ограничувањето на легалните игри на среќа ја отвора вратата за игрите на црно

Катерина Ѓуровски

АСОМ: ЕУ го блокираше Законот за игри, Пендаровски ја препозна злоупотребата на ЕУ знаменцето

Горан Наумовски

Пендаровски се консултира со експерти за Законот за игри на среќа: Уште нема став дали ќе остане на изјавата дека нема да стави потпис

Александар Тодески