Медведев: Испраќањето британски војници во Украина e објава на војна против Русија

Од:

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев предупреди дека за Москва испраќањето британски војници во Украина е објавување војна против Русија.

Медведев, актуелниот заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, реагираше на посетата на британскиот премиер Риши Сунак на Киев.

Сунак најави зголемување на финансиската помош за Украина за да може да купи нови воени беспилотни летала.

„Се надевам дека нашите вечни непријатели – арогантните Британци – разбираат дека распоредувањето на официјален воен контингент во Украина би било објава на војна на нашата земја“, напиша Медведев на Телеграм.

Медведев, исто така, праша како би се чувствувала западната јавност доколку делегацијата на Сунак биде нападната со касетна муниција во центарот на Киев, како што неодамна им се случи на руските цивили во Белгород, во близина на украинската граница.

– Најмалку 20 лица, меѓу кои две деца, загинаа, а 111 беа повредени во тој инцидент на 30 декември, рече тој.

Би можело да ве интересира

Медведев: Се чини дека НАТО инсистира да ја освоиме цела Украина, а можеби и Полска

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје