Стојаноски: Ја повикуваме меѓународната заедница да ги види злоупотребите на Комисијата за европски прашања

Од:

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ упати повик до претставниците на меѓународната заедница да ги види сите злоупотреби што се случуваат на Комисијата за европски прашања од сите аспекти.

-Тука сакам да известам дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ писмено ќе ги извести сите амбасади во Република Македонија за оваа злоупотреба и за овој нов криминален срам кој што се нанесува на Република Македонија, рече тој.

Стојаноски нагласи дека втор ден по ред, претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми ја прекинува работата на комисијата во триесет минути со, како што рече, „шибицерски три“к, дава пауза од еден час, а потоа не продолжува спротивно на сите деловнички одредби.

-Имено, јавноста треба да знае дека сите процедури на оваа комисија се носат по скратена постапка со три дена дебата, а вкупно по вториот ден работа Собранието по оваа комисија не работи повеќе од 60 минути кумулативно кога ќе ги соберете двата дена. Ние ги повлековме нашите амандмани и го извадивме на чистина со нивниот интерес, а тоа е шверцерско прошверцување на овој закон кој што единствено за цел има криминални дејствија кои што треба да бидат легализирани, рече тој.

Според него, три од спорните одредби што се регулираат со овој закон е мултиплицирањето на лиценците и давањето на лиценци на компании кои што во управни и надзорни одбори членуваат лица од кабинетот на Артан Груби, дозволување на онлајн коцкање и една од најспорните одредби е тоа што секој простор што треба да биде употребен за организирање на игри на среќа ќе треба да даде потврда Министерството за финансии, повторно институција предводена од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито