До крајот на овој месец прилепското ЈП „Комуналец“ низ централното градско подрачје ќе врши замена на старите контејнери со нови, метални за селекција на органскиот отпад. И покрај тоа што старите се во употреблива состојба, од претпријатието истакнуваат дека мора да ги заменат поради непријатната миризба што се шири од нив од високите температури.
Набавката на новите контејнери е само продолжување на активностите на претпријатието. Покрај оваа инвестиција, од „Комуналец“ најавуваат санирање на оштетените и префарбување на постојните мрежести контејнери за селективно собирање на отпад низ градот.
Од ЈП „Комуналец“ апелираат до граѓаните да не го фрлаат градежниот отпад, камења, земја и други тешки предмети во контејнерите поради нивно оштетување.
А.Ш.