Царинска управа: Запленето e злато што двајца патници се обиделе нелегално да го изнесат од државата

Од:

Запленети се 248 грама злато, со проценета вредност од околу 12 илјади евра што двајца сопатници во обид да го скријат планирале да го изнесат од државата без да го пријават кај царинските органи.

„Патниците кои патувале со патничко комбе на излез на Табановце од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги се селектирани за детална контрола при што кај двајцата се пронајдени купчиња злато. Едниот од патниците околу вратот носел една црна врвка и еден ланец на кои биле прикачени два купа готов златен накит со тежина од 201,82 грама што биле смотани во креп трака. Другиот патник на вратот носел ланец на којшто имал прикачен куп од повеќе прстени со тежина од 46,48 грама. Стоката е привремено одземена, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, при што против едниот од патниците ќе биде поднесена кривична пријава, а против другиот прекршочна“, извести Царинската управа.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Вучиќ: Купивме пет тони злато

Кривична пријава против двајца жители на Кочани кои копале злато