Разрешени државните правобранители на подрачјата на Скопје и Струга

Од:

На предлог на Државниот правобранител, односно Министерството за правда, на денешната седница на Владата на Република Македонија се донесе одлука за разрешување на државните правобранители во подрачјата на Струга и Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Владата одлучи Мирко Велјаноски да го разреши од должноста државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето Струга, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител и Јане Јанкуловски од функцијата државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител.

Би можело да ве интересира

Народен правобранител: Најдовме готови документи на граѓани, а МВР нема увид дека се подигнати

Горан Наумовски

Народен правобранител: Да се создадат услови во училиштата за остварување на правата на детето

Наум Локоски

Согласност од Собранието за општите акти на Народниот правобранител

Наум Локоски

Народниот правобранител реагира за попречување на истрагата за приведените во протестите

Емир Латифовиќ

Правобранителот изразува загриженост за одлуката на Уставниот суд

Емир Латифовиќ

На омбудсманот му е одобрена набавка на ново возило, но без шофер

Емир Латифовиќ