Жерновски: Трагикомична реакција на советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во немањето аргументи, и денеска излезе со трагикомична реакција, тврдејќи дека наводно, тие мислејќи на граѓаните, иницирале враќање на целодневната настава.

Јавноста треба да биде правилно информирана и да ја знае вистината.

„Од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ немало никаква иницијатива ниту барање за оваа точка, а уште помалку е точно дека јас како градоначалник сум донел одлука за укинување на целодневната настава за 4-то и 5-то одделение“, реагира градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски.

И за да види јавноста кој манипулира и кој греши, градоначалникот Жерновски ги повикува советниците од ВМРО-ДПМНЕ јавно да ја покажат нивната наводна иницијатива и барање да се реши овој проблем.

Не само што нема ваква иницијатива и не само што ВМРО-ДПМНЕ воопшто не беа заинтересирани за ова прашање, туку и ги повикаа сите директори на основните училишта на територија на Општина Центар во своите партиски канцеларии.

„Дали ова беше само дел од притисокот кој што секојдневно се врши врз нив за да го попречат нормалното функционирање на образовниот процес? Дали нивните партиски интереси и евтини поени се поважни од интересите на децата“, прашува Жерновски.

Со стручните служби на општината, вели Жерновски, имавме повеќе средби со родителите и со директорите за да најдеме заедничко решение за добробит на децата.

Одлуката за продолжување на целодневната настава во 4то и 5то одделение е изгласана од советниците во Општина Центар.

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ се обидува секое добро решение донесено од Советот на општината да си го припише на свое конто и да се “шлепа“ на ваквите одлуки. Ако толку мислат за доброто на граѓаните ја повикувам советничката група да ги повлече одлуките за узурпација на јавните површини. Само вака ќе покажат дека навистина не се обидуваат да продадат евтин маркетинг, туку се гришат за жителите на Општина Центар“, вели Жерновски.

Средствата за организирање продолжен престој за учениците во основните училишта „Гоце Делчев“ и „Јохан Хајнрих Песталоци“ се обезбедуваат од буџетот на Општина Центар и со нив, по барање на родителите ќе се ангажираат 4 наставници до крајот на учебната 2013/2014 година.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории