Прилепчанец го убил братот на сопругата

Од:

Вчера, на 6 јануари 2024, В.С. (65) од Прилеп го убил братот на сопругата при расправија за време на семеен собир. Денеска СВР Битола поднесе кривична пријава по брза постапка против сторителот.

Починатиот е П.Р. (63) од селото Шивец, кавадаречко.

Според извештајот на МВР, на 06.01.2024 во 17.15 часот било пријавено дека во дворно место, сопственост на В.С. во Прилеп, бил пронајден починат П.Р., со повреда во пределот на главата. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

А според изјавите на сведоците, било констатирано дека во дворното место В.С. и Р.П. заедно консумирале алкохол, по што настанала меѓусебна вербална расправија, која прераснала во физичка пресметка, во која Р.П. паднал и со главата удрил во бетонски столб од куќа во изградба. Во 19.35 часот, по наредба на Јавен обвинител, В.С. е лишен од слобода и при извршен службен разговор го признал делото „убиство“.

Би можело да ве интересира

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога

ВИДЕО: Потера во Словенија – застрела полицаец и побегна со полициски автомобил

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он