Ештон: Потресена сум од смртта на членот на Еулекс на Косово

Од:

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Кетрин Ештон, излезе со изјава на сочуство за жртвата на војникот од мисијата Еулекс на Косово, како и со осуда на делото, барајќи да се пронајде и казни виновникот.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, шефицата на европската дипломатија е децидна и дека ова нема да влијае на спроведување на договорот Белград-Приштина.

– Утринава бев длабоко потресена од смртта на литвански член на персоналот на Еулекс на Косово. Упатувам длабоки изрази на сочувство до семејството и пријателите на жртвата. Најсилно што може го осудувам нападот што доведе до смртта на член на нашиот персонал и извршителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата,  истакна Ештон.

Според британската баронеса задолжена за надворешна и безбедносна политика на Унијата, ЕУ е решена да продолжи со својата ангажираност и посветеност во Косово и ќе продолжи со својата работа во контекст на дијалогот што го олеснува.

– Апелирам до сите страни да ги удвојат напорите за спроведување на постигнатиот договор, да ги нормализираат односите и да го подобрат животот на луѓето на теренот во Северно Косово – додаде Ештон.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина