Жестоко во Центар-полицијата и по 4 месеци не може да го утврди идентитетот на оние кои дивееја пред општината

Од:

Жестока дебата во Советот на општина Центар за 6-месечниот извештај за работата на Полициската станица Центар.  Зоран Марковски, командир на полицијата, за кој портпаролот на МВР Иво Котевски тврдеше дека такво лице не е командир, а медиумите напишаа дека е лице обвинето и осудено за убиство, објасни дека тој е в.д. командир, но ја врши улогата на командир.

Во извештајот таксативно е наброено по колку и какви престапи и прекршоци постапувала полициската станица, Марковски рече дека успешно ја завршиле работата.

Советниците ов ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека кај жителите на Центар постои задоволство од работата на полицијата, дека граѓаните посигурно се чувствуваат поради честите контроли и дека има ред. Марковски пак рече дека општина Центар е најнапаѓана општина.

Во извештајот нема ни збор за вандалското кршење и напад на група која протестираше пред општина Центар. Командирот кажа дека ова прашање не е занемарено, во тек е постапката, но се уште чекаат утврдување на идентитетот на сторителите.

„Секој нормален човек не може да се согласи со она што се случуваше. И јас бев гаѓан и туркан. Таа нечовечност е јасна. Јас само си ја вршев работата“, изјави командирот Марковски.

СДСМ и коалицијата реагираа дали има селективност во постапувањето, бидејќи, од тогаш изминале речеиси 4 месеци, а истите лица кои дивееја пред Центар, се појавуваат на сите контра0протести, организирани од власта и на настаните од 24-ти декември.

ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека немало физички нападнат или повреден советник, и дека советничката од СДСМ , била повредена од шминката. Ова, како што рече, советник од ВМРО-ДПМНЕ, инаку лекар по професија, не била физичка повреда и дека ова одговорно го тврди.

На ова остро реагираа советниците од СДСМ и повредената советничка.

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек