Израелските сили извршија претреси на Западниот Брег, уапсени се најмалку 120

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија рација во бегалскиот камп Нур ал-Шамс, како и во домовите во блискиот град Тулкарм на Западниот Брег и приведоа стотици луѓе осомничени за милитантни активности, соопшти израелската војска.

„Силите на ИДФ продолжуваат да дејствуваат заедно со другите израелски безбедносни сили, во антитерористичка операција на целата дивизија во бегалскиот камп Нур ал-Шамс во Менаше“, се додава во соопштението на ИДФ.

Според жителите на Тулкарм, израелските војници привеле најмалку 120 луѓе и демолирале три куќи, вклучително и една која наводно припаѓа на бригадите Тулкарм, која е дел од палестинската милитантна група Фатах.

Бригадите Тулкар објавија дека имало размена на оган со израелските сили, додека ИДФ тврди дека армијата уништила неколку милитантни инфраструктури и го идентификувала оружјето што го користеле бригадите, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас