Бројот на жртвите во денешните две експлозии во Керман, Иран, се зголеми на 103, додека 141 лице се ранети, по повод четвртата годишнина од смртта на поранешниот генерал на елитните ирански сили Кудс, Касем Сулејмани, пренесе АП.
Ниту една група не ја презеде одговорноста за она што иранските медиуми и официјални лица го нарекуваат „терористички напад“ по експлозијата во Керман, град одалечен 820 километри југоисточно од Техеран.