МВР со зголемени активности деновиве – запленети 44.000 петарди, 3000 казни за возачи

Од:

МВР со засилени активности деновиве. Како што објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски запленети биле 44.000 петарди а над 3000 возачи добиле казни.

Во текот на изминатата недела 25.12.2023 – 31.12.2023 преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните, објави министерот на неговиот Фејсбук профил.

Приведени се околу 50 лица по разни основи, за недозволена трговија со дрога, нарушување јавен ред и мир, непријавен престој во државата, трговија со пиротехнички средства (запленети околу 44.000), фалсификуван зелен картон за возила, поседување оружје без дозвола. По преземени мерки на СВР низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 3598 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци.

Во последната недела од 2023 година МВР спровело и 33 активности во делот на превенцијата.

Остварени се и 33 превентивни активности на теми превенција од врсничко насилство и безбедност, безбедност во сообраќајот, безбедност на моторни возила , пиротехнички средства и заштита од пиротехника, трговија и употреба на дрога, користење зимска опрема, заштита од пиротехника, забрана за користење оружје. напиша на фејсбук  министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР

Уапсен е возач кој управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

А1он