(ВИДЕО) Објавени документи за педофилот Епстин: Се спомнуваат Клинтон, Трамп, Принцот Ендрју

Од:

Доцна синоќа беа објавени стотици страници документи од тужбата во која е вмешан милијардерот педофил Џефри Епстин. Тоа е првиот сет на документи што ќе бидат отпечатени според судски налог од 18 декември, а се очекуваат повеќе во наредните недели.

Американски судија нареди објавување на записите како дел од тужбата поврзана со соработничката на Епстин, Гислајн Максвел. Правните документи вклучуваат претходно објавено обвинение против британскиот принц Ендрју за пипкање девојка, што тој го негираше.

Во десетици објавени документи се споменуваат и поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Доналд Трамп, иако ниту еден од нив не е обвинет за нешто незаконско. Многу очекуваната збирка документи, која има околу 900 страници, се чини дека не содржи никакви бомбастични откритија за Епшсајн или неговите соработници. Сепак, се очекува во наредните денови да бидат објавени повеќе документи за случајот.

Од повеќе од 100 именувани лица, некои се обвинети за неправилност, додека други наведуваат наводи во судските поднесоци или се потенцијални сведоци. Правните поднесоци опишуваат добро поврзан социјален круг во орбитата на Епстајн.

Според она што е засега објавено, за Клинотн, Трамп, Коперфилд нема искази или сведочења дека правеле нешто нелегално.

Кога нареди објавување на досиејата, окружниот њујоршки судија Лорета Преска рече дека многу од именуваните веќе биле идентификувани во медиумите или во кривичниот процес против Гислајн Максвел. Таа додаде дека многу други не се противат на објавувањето на документите. Судијката Преска, исто така, нареди некои имиња да останат редактирани бидејќи со тоа ќе се идентификуваат жртвите на сексуална злоупотреба.

Досиејата ја спомнуваат Јохана Сјоберг, која тврдеше дека принцот Ендру ги пипкал по градите додека седел на каучот во станот на Епштајн во Менхетен во 2001 година. Бакингемската палата претходно соопшти дека нејзините наводи се „категорично невистинити“.

Во едно тврдење, кое веќе е објавено, Сјоберг тврди дека принцот Ендру ја ставил раката на нејзините гради за да се фотографира со другата обвинувачка, Вирџинија Џуфре, и куклата на која пишува „Принцот Ендру“.

Во 2022 година, член на британското кралско семејство и плати на Вирџинија Џуфре милиони за да се откаже од тужбата што таа ја поднела во која тврди дека сексуално ја злоставувал кога имала 17 години. Принцот Ендру рече дека никогаш не се сретнал со Џуфре и ги негираше нејзините наводи.

Епштајн почина во затвор во 2019 година. Неговата смрт, додека ги чекаше федералните обвиненија за сексуална трговија, беше прогласена за самоубиство од страна на медицинскиот преглед во Њујорк. Максвел, ќерката на издавачкиот тајкун Роберт Максвел, моментално отслужува 20-годишна затворска казна за нејзината улога во регрутирање девојки за Епштајн. Нејзините адвокати се жалат на казната. Нејзините адвокати во изјавата цитирана од Си-Ен-Ен вчера рекоа дека таа „доследно и категорично ја одржува својата невиност“.

Би можело да ве интересира

Жртвите на Џефри Епштајн ја тужеа Дојче банк: Банката мора да плати 75 милиони долари

Горан Наумовски

Џефри Епстајн имал широк круг пријатели: Сексуалниот предатор се среќавал со директорот на ЦИА, со советничка на Обама, со Чомски

Жртвите на Џефри Епстајн тужат две големи банки

Случај Епштајн: Поранешниот агент на манекенки Брунел пронајден мртов во затвор

Ана Ололовска

Принцот Ендрју бара да му се суди пред порота

Ана Ололовска

Принцот Ендру се откажа од сите воени и кралски титули

А1он