Итна седница на Судски совет за оставката на претседателот Георгиев и одлуката на Управен суд

Од:

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска од 15 часот треба да одржи итна седница на која на дневен ред се констатирање на престанок на мандатот на претседателот Сашко Георгиев, по сопствено барање, и постапување по одлука на Управен суд за разрешувањето на поранешната претседателка, Весна Дамева.

Седницата следува по денешниот работен состанок на Советот на кој беше разгледана пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на Дамева.

Управниот суд денеска ја објави пресудата во која меѓу другото е наведено дека Судскиот совет не дал никакви образложени причини поради кои ја разрешил од функција поранешната претседателка Весна Дамева, не ги навел доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба, посебно ниту утврдените факти, кои што согласно утврдената фактичка состојба упатуваат на донесување на Одлуката за нејзиното разрешување.

Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во април минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување. По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд.

Ова разрешување го наруши кредибилитетот на Судскиот совет на кој имаше повеќе реакции во јавноста, а беше и испратена Оценска мисија од Европската Унија која изготви 40 препораки за подобрувањето на функционирањето на Судот.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он