ВМРО-ДПМНЕ: Премиер ли е, алваџија ли е, ниту кафиња, ниту тајни средби ќе има, работите се пресериозни за државата

Од:

Денес секој одговор на премиерот Ковачевски на новинарски прашања му завршуваше со стандардната реченица: „прашајте ја надлежната институција“. Ставот на Ковачевски зошто пропадна тендерот Чебрен, му беше „прашајте ја надлежната институција“. Ставот на Ковачевски зошто ТИРЗ троши милиони за градба на паркиралишта и тоа преку омилената Стентон градба му беше, „прашајте ја надлежната институција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ставот на Ковачевски до каде е ветувањето за намалување на платите на функционерите кое самиот тој го најави пред една година, му беше „прашајте ја надлежната работната група“. Ставот на Ковачевски за смените во Судскиот совет му беше „моите гледишта се истите како и на странските амбасадори“. Оттука се поставува прашањето на што е премиер Ковачевски. Премиер ли е, алваџија ли е.

Откако Ковачевски и здосади јавноста со најави за тајни средби, сега вели ќе сакал кафе средба со Мицкоски на улица Македонија. Ако на Ковачевски му е до кафиња, треба да знае дека на Македонија и се плаче од такви како него. Ниту тајни средби, ниту кафиња по кафулиња ќе има. Работите се пресериозни од паушалните и детски недораснати игри на Ковачевски. Во Македонија никогаш не се живеело полошо. И затоа важно е да бидат поразени – велат од поартијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски