Јутјуберот Ди-џеј чие вистинско име е Карлос Алберто Мота Кандрева (32) скокна од крузер во океанот по расправија со својата девојка Виторија Барбара Моменсо (27).
Тој на социјалните мрежи објави снимка од бродот кој плови од Сао Паоло до Рио де Жанеиро, покрај брегот на Атлантикот во Бразил. Она што требаше да биде патување од соништата се претвори во пекол.
Во едно видео, Јутјуберот, кој работи како програмер во банка, ја покажа луксузната кабина што ја резервирал за дводневното новогодишно патување со својата девојка.
Виторија е директор на модна агенција.
„Сè уште сме тука во пристаништето Сантос, чекаме да тргнеме. Да видиме што ќе се случи, вечерва е забава. Мојот куфер се уште не стигнал до вратата од кабината. Тука сме, уживаме“, вели тој во видеото.
Само неколку часа подоцна, Карлос наводно се фрлил од височина од речиси 61 метар во океанот, по жестоката расправија со Виторија за нивната двегодишна романса.
Карлос сакаше официјална врска со Виторија додека таа сакаше обична романса.
Членовите на екипажот на крстарењето наречено „Новогодишна ноќ на отворено море“ го вклучија алармот откако Јутјуберот исчезна во раните утрински часови на 30 декември.
– Мислеше дека не може да ме види со некој друг, дека не може да поднесе – изјави Виторија за локалните медиуми.
Открила дека Карлос побегнал се вратил да ѝ каже дека го прави будала пред да скокне во морето.
“Бев многу шокирана. Се смрзнав. Не можам да јадам, се обидувам, но не успева, дефинитивно ќе морам да одам на терапија. Ќе бидам трауматизирана до крајот на мојот живот” таа рече.
Проговори и сестрата на Карлос:
“Го изгубив мојот најдобар пријател, човек од доверба. Се чувствувам празно. Очите не ми се затвораат, само солзи течат. Чувствувам дека го одзеле најдобриот дел од мене”.
Операторите на бродови за крстарење MSC Cruzeiros потврдија дека еден патник е пријавен за исчезнат.
„На бродот е извршена темелна потрага и потврдено е дека гостинот намерно скокнал во морето. Инцидентот веднаш бил пријавен кај властите, а крајбрежната стража му дозволила на бродот да го продолжи патувањето.
Бразилската морнарица започна потрага по Карлос, пишува Daily Mail.