Рускиот јутјубер кој во живо си ја уби бремената девојка за пари, осуден на шест години затвор

Од:

Рускиот јутјубер Станислав Решетњак, чија девојка почина за време на пренос во живо откако тој зел пари за да ја малтретира, е прогласен за виновен за нанесување тешки повреди и осуден на шест години во затвор со висока безбедност, јавија руските медиуми.

Решетњак, познат како Стас Рифлеј, беше уапсен во декември, по мачниот пренос во живо, во кој неговата 28-годишна девојка Валентина Грегориева, која била во рана бременост, починала откако неговите следачи платиле да гледаат како тој сурово ја злоставува.

30-годишниот Јутјубер, под влијание на алкохол и дрога, ја натерал девојката да излезе на балконот од станот само по долна облека, на температура под нулата, удоволувајќи му на еден од неговите следачи, кој платил илјада долари за малтретирањето.

Најпрво се мислело дека Грегориева починала од последици на хипотермија, но како што подоцна покажа обдукцијата, причина за смртта била тешка повреда на главата, за која Решетњак на суд призна дека ѝ ја нанел кога дента ја удрил.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов