Хамас потврди: Високиот функционер Ел Аури е убиен во израелски напад врз Бејрут

Од:

Палестинската милитантна група Хамас потврди дека во денешниот израелски напад врз предградијата на Бејрут е убиен нејзиниот висок функционер Салех Eл-Арури.

Вкупно шест лица загинаа во нападот што ги погоди просториите на Хамас, јавува либанската телевизија Ел Мајадин.

Израелската армија се уште не го коментираше инцидентот.

Претседателот на Ликуд, партијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Дени Данон ги пофали израелските безбедносни сили на социјалните мрежи за убиството на Ел Аури.

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич на социјалната мрежа Х напиша: „Нека исчезнат сите наши непријатели“.

Од друга страна, израелските медиуми посочуваат дека е испратена директива од Владата со која се наложува министрите да не зборуваат јавно за нападот на Бејрут.

Ел Аури бил заменик лидер на Хамас во странство и наводно играл важна улога во организацијата на терористичките напади на Западниот Брег, пишува Тајмс оф Израел.

Би можело да ве интересира

Хамас: Нема да има договор за заложниците додека не заврши војната во Појасот Газа

ВИДЕО: Глад во Газа, на северот никаква помош нема цели 40 дена

Катерина Ѓуровски

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски