Израелските заложници киднапирани од Хамас на 7 октомври и одведени во Газа ќе бидат ослободени само под „услови“ поставени од исламистичката група, потврди денеска во телевизиска порака шефот на Хамас Исмаил Ханије.
„Непријателските затвореници ќе бидат ослободени само според условите поставени од движењето на отпорот“, рече Ханије.
Хамас пред повеќе од 80 дена киднапираше 250 луѓе, но 129 од нив се уште се во заробеништво.
Хамас им ја пренесе својата позиција на Катар и Египет и таа се заснова на „целосен прекин на агресијата“ против Палестинците.
Ханије, исто така, рече дека Хамас е отворен за можноста за формирање единствена палестинска влада која ќе управува со Газа и на Западниот Брег.
„Добивме бројни иницијативи во врска со палестинската ситуација и отворени сме за идејата за формирање национална влада за Западниот Брег и Газа“, рече Ханије.
Стационирана во Катар, Ханије, исто така, рече дека „планот за раселување на палестинскиот народ нема да помине“, откако двајца десничарски израелски министри предложија доброволно напуштање на Палестинците од енклавата.