Турција приведе 33 лица осомничени за шпионажа за израелскиот Мосад

Од:

Турските власти приведоа 33 лица осомничени дека вршеле шпионска работа за израелската разузнавачка служба Мосад, јави денеска државната новинска агенција Анадолу, додавајќи дека полицијата трага по уште 13 лица.

Според агенцијата, полицијата извршила симултани рации на 57 локации во осум провинции како дел од истрагата што ја покрена антитерористичкото биро на Обвинителството во Истанбул, пренесува Ројтерс.

Се верува дека, пренесува Анадолу, без наведување извори, дека осомничените имале за цел да идентификуваат, набљудуваат, нападнат и киднапираат странски државјани кои живеат во Турција како дел од операцијата „меѓународна шпионажа“.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

ВИДЕО: Хезболах ја „проби“ железната купола во близина на Тел Авив: Цел биле штабовите на Мосад